Утрински Весник
Македонија

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Sobranie 1.webp.webp

Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри.

Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Влен.

Тие доаѓаат на местата на Мицкоски и на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и Фатмир Лимани

Можете да прочитате

Приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола, од кои 5 малолетници

Наставник од Битола цела година предавал на ученици без да знае дека добил отказ

Инцидент во дом деца во Центар: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете