Утрински Весник
Македонија

Дури 72.2 % од испуштените води биле непречистени

1660387303 2022 08 12t094934z 1373621058 Rc2guv9dewoa Rtrmadp 3 Europe Environment Poland Oder 1200x800 1.jpg

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 293.191 м3 вода за снабдување, што е за 2.3 % помалку во однос на 2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0.9 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68.9 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0.4 % помало во однос на 2022 година.

Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72.2 %, а пречистени 27.8 % од отпадните води.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ