Утрински Весник
Македонија

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда

9 Scaled.jpg

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, а тој на ова место доаѓа од постизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и  владеење на правото.
Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на Законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Совет на Јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото.

Можете да прочитате

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот

Минчев: Започнува практичната примена на мерит-системот во јавната администрација

По невремето во Скопје над 30 повредени побарале лекарска помош