Утрински Весник
Свет

Шолц загрижен поради изгледите за победа на крајната десница на изборите во Франција

Sholc.webp.webp

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост поради изгледите за победа на крајната десница на претстојните предвремени парламентарни избори во Франција.

„Загрижен сум за изборите во Франција“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.
„И се надевам дека партиите што не се (Марин) Ле Пен, така кажано, ќе бидат успешни на изборите. Но, тоа треба да одлучи францускиот народ“, додаде тој.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција