Утрински Весник
Македонија

Во пожар во Струмица изгореа две куќи, две лица повредени

20240622151409 Big 730x400 91.webp.webp

Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 6 противпожарни возила и 22 пожарникари.

-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи.

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени