Утрински Весник
Македонија

Ми рекоа дека ќе живеам уште шест часа: Потресно сведоштво на новинарката Катерина Цаневска

Images.jpeg

Катерина Цаневска Арсовска е познато ТВ-лице од А1 и МТВ, а подоцна кариерата ја продолжи како советник за односи со јавност и портпарол. Беше вработена во општина Центар во Скопје и во македонското Собрание, но и во претседателскиот кабинет.

Во поткастот „Претрес“ таа отворено зборува за војната во 2001 година, бегалската криза, црниот понеделник, тепачките во Општина Центар, но и за битката со ракот која се’ уште трае.

Долго време не зборувала на оваа тема. Криејќи за болеста, паднала во бессознание. Подоцна станала медицински феномен.

„Од она што ми го кажуваат сите.. На торокална ме отпишаа, рекле дека ќе живеам шест саати и најдобро е да ме земат дома, за да ме снема дома, да починам дома. Докторот им рекол-толку од неа, само весело и така, толку е од неа.. Само не знам што значи во сето тоа она „само весело“. Ми остана нејасно што требаше да значи. Од тие шест саати поминаа девет месеци, јас сум се’ уште жива, во добра кондиција сум, во добро расположение, го живеам животот.

Кога семејството отишло кај лекарот на Торокална рекле како ја отпишувате на овој начин. Рекле, дајте да пробаме хемотерапија, зрачење, операција, да ја однесеме во странство.. И тој рекол..Не, не.. Се’ е џабе, готово е со неа, ама добро еве ќе ја однесете утредента на онкологија. Ме однесоа во една канцеларија, лекар седнат карши мене, ме гледа он и ми вика: „Вие, свесна сте?“ Му викам: „Да“. Ми вика: „Па, мене ми кажаа дека ќе донесат пациентка на умирање“.

Целиот разговор погледнете го на видеото во продолжение:

Можете да прочитате

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи