Утрински Весник
Свет

Објавени онлајн податоци по кибернападот врз лондонски болници

20240621100512 Big 730x400 74.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Податоците од кибер напад се наводно објавени на интернет неколку недели откако напаѓачите ги запреа операциите  во големите болници што се дел од здравствениот истем во Лондон, соопшти Националниот здравствен систем на Англија.

Синовис, приватна компанија што ги анализира крвните тестови за болници на 3 јуни, беше жртва на кибер-напад за кој се верува дека бил извршен од руска група, принудувајќи болниците во главниот град да откажат речиси 1.600 операции и термини за прегледи.

„Националниот здравствен систем беше информиран дека кибер-криминалната група синоќа објавила податоци за кои тие тврдат дека припаѓаат на Синовис и биле украдени како дел од тој напад“, се вели во соопштението објавено денеска.

„Знаеме ова колку може да биде загрижувачки за многу луѓе. Ние го сфаќаме тоа многу сериозно“. За прекин на нападот од криминалната кибер-група бараа откупнина. 

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп