Утрински Весник
Свет

Руската воздушна одбрана одби напад со дрон врз Севастопол, објави гувернерот назначен од Москва

20240621070035 Big 730x400 8.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руската ПВО одби напад на украински беспилотни летала врз градот Севастопол на Крим и собори четири беспилотни летала, изјави денеска гувернерот на Севастопол назначен од Русија, Михаил Развозаев. Нема извештаи за жртви или штети, напиша Развозаев на Телеграм. Спасувачките служби продолжуваат да работат, додаде гувернерот на градот.

Неколку лица се повредени во напад со дрон врз рафинерија и неколку објекти во областа Краснодар во Русија. Дрон паднал врз рафинеријата за нафта Илски, по што избувнал пожар, а две лица се повредени, соопшти утринава регионалниот оперативен штаб.

Русија во текот на ноќта уништила 114 беспилотни летала лансирани од Украина, при што најмалку едно лице загинало во нападите, соопштија денеска властите.

„Руските системи за ПВО пресретнаа и уништија 70 беспилотни летала над Крим и Црно Море, 43 беспилотни летала над регионот Краснодар и едно беспилотно летало над Волгоград“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Едно лице загина во регионот Краснодар како резултат на нападите.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп