Утрински Весник
Свет

Путин и Лам усвоија изјава за стратешко партнерство помеѓу Русија и Виетнам

20240620113707 Big 730x400 37.webp.webp

Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам денеска во Ханој усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за основите на пријателските односи.

За време на посетата на Путин на Виетнам беа потпишани најмалку 11 договори во областа на енергетиката, високото образование, правосудните институции, даночните служби и царината.

Потпишан е и договор за изградба на нуклеарно научно-технолошки центар во Виетнам со учество на руската државна корпорација за атомска енергија Росатом. Потпишан е и договор за соработка меѓу Русија и Виетнам во развојот на лабораториска инфраструктура за борба против епидемии.

Тоа е петта посета на Путин на Виетнам, а прва од 2017 година.

Путин во Виетнам пристигна синоќа по посетата на Северна Кореја, при што го потпиша Договорот за стратешко партнерство со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина