Утрински Весник
Спорт

Во Скопје почнува Светското ракометно првенство за јуниорки

20240619091511 Big 730x400 97.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ракометна федерација на Македонија од денес до 30 јуни ќе биде домаќин и организатор на 24 Светско јуниорско првенство во женска конкуренција. Ова ќе биде вториот мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.

Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири учесници кои ќе играат помеѓу себе во Прелиминарната рунда. По комплетирањето на трите кола, двете подобропласирани екипи ќе продолжат во Главната рунда, двете послаби ќе играат во Президент Куп.

Потоа од главната рунда, по две селекции од група ќе се пласираат во 1/4 финалето и ќе продолжат во елиминациите за медал, сите други репрезентации ќе разигруваат за пласман.

Натпреварите од Светското јуниорско првенство ќе се играат во три сали во Скопје. Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќинот на македонската репрезентација, а таму ќе се играат и натпреварите од финалниот ден, заклучно мечот за златен медал.

Натпревари ќе се играат и во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонската репрезентација својот прв натпревар ќе го игра вечер од 20:15 часот против САД.

Бранител на трофејот е Норвешка.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028