Утрински Весник
Спорт

Автогол и донесе на Франција победа над Австрија

20240617230450 Big 730x400 34.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од фаворитите на ЕП – Франција, со тежок минимален успех од 1:0 го започна првенството над Австрија во средба од групата „Д“.

„Петлите“ ги зграпчија трите бода по автоголот на Максимилијан Вебер во 38. минута, по кој се израмни со Холандија, која ја победи Полска со 2-1 во другиот натпревар од групата.

Избраниците на Дидие Дешан се соочија со сериозен отпор од тимот на Ралф Рангник, поради што натпреварот не помина според очекувањата на многумина.

При 0:0 Австријците пропуштија шанса сами против голманот, а две минути подоцна си постигнаа автогол. 

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи