Утрински Весник
Македонија

Убиец баран со потерница падна во рацете на полицијата

Rjmet Apsenje 333811.jpg

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска околу 13:45 часот на ул.„Ферид Мурати“ го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од с.Арачиново, скопско.

-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Сибирска експлозија ни следува по 20 јануари, температури и до -25°

Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци за 2026 година

„Маршот на ангелите“ одложен поради празникот Водици