Утрински Весник
Македонија

Медицинска сестра осудена на две години затвор за кражба на цитостатици – таа е во бегство

Onkologija.webp.webp

Две години казна затвор доби медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ, во случајот со кражба, односно изнесување на цитостатици.

Таа во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином. Сепак таа е во бегство уште пред да почне судењето. Во придружба на друго лице со автомобил била забележана на граничниот премин Табановце. Не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.

Пресудата е правосилна. Обвинителството барало повисока затворска казна, но Апелација не го уважила таквото барање. Истовремено отворена е поголема истрага за злоупотреба на биолошката терапија на Клиниката, а каде што Јавното Обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство