Утрински Весник
Македонија

Активен пожар во Негорци, регистрирани петнаесет пожари на отворено во изминатото деноноќие

1708935880 112.jpg

Петнаесет пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа, еден од нив сѐ уште се води како активен, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК – Струмица, известува дека од 13.50 часот избувнал пожар на запалени ниска вегетација и нискостеблеста шума над душевна болница – „Негорци“. Интервенирано е со три противпожарни возила и деветмина пожарникари, како и шестмина шумари со две возила. Пожарот сѐ уште се води како активен, бидејќи преминал во непристапен терен, појаснуваат од ЦУК.

Вкупно 1.743 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, како итни се утврдени 70,28 отсто, а 29,12 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ