Утрински Весник
Свет

Шолц: Русија мора да биде вклучена во мировниот процес за Украина

Sholc.webp.webp

Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни за вклучување на Русија во мировниот процес за Украина, јави ДПА.

-Точно е дека мирот во Украина не може да се постигне без вклучување на Русија, нагласи Шолц на мировната конференција во Швајцарија што се одржа вчера.

Во исто време тој ја повика Русија целосно да се повлече од делумно окупирана Украина.

-Русија би можела да ја заврши оваа војна денеска или во секое време, доколку ги запре нападите и ги повлече своите трупи од Украина, додаде Шолц.

Повеќе од две години по рускиот напад на Украина, самитот на Бургеншток, планински гребен над езерото Луцерн, има за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина

Можете да прочитате

Норвешки гинеколог скоро 20 години силувал пациентки

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање