Утрински Весник
Македонија

Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степени.

Според прогнозата на УХМР,  викендов ќе преовладува стабилно време и дневната температура ќе биде во пораст. На почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

-Потоа се очекува постабилен и сè потопол период, информира УХМР.

Можете да прочитате

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил