Утрински Весник
Македонија

Пападопулу на средба со Гаши: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

20240614143920 Big 730x400 94.webp.webp

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра Пападопулу, со која разменија мислења за јакнење на соработката и дијалогот меѓу двете земји на сите полиња, како и за понатамошниот процес на пристапување на земјава во Европската Унија, соопштија денеска од собраниската прес-служба.

Тој се заблагодарил за поддршката од Грција за процесот на евроинтеграција на земјава, по зачленувањето во НАТО, што е резултат, како што рекол, на постигнувањето на Преспанскиот договор.

– Заменик-министерката му го честиташе на претседателот Гаши изборот на функцијата, при што порача дека Северна Македонија има искрен пријател во Грција. Тоа, рече Пападопулу, е пораката што ви ја носам од целото лидерство на Грција – дека ние сме пријатели, соседи, сојузници, партнери во НАТО, а еден ден ќе бидеме и партнери и во ЕУ, се вели во соопштението од Собранието.

Гаши заклучил дека двете земји се на мошне добар пат во унапредувањето на билатералните односи, со оглед на интензивната соработка и комуникација меѓу граѓаните, во делот на економијата и туризмот,со потенцијали за интензивирање во патната инфраструктура, енергетиката, образованието, културата и во сите други области од заеднички интерес.

Соговорниците се осврнале и на соработката на ниво на парламенти, при што претседателот Гаши покажа интерес за организирање официјални посети и истовремено ја информирал заменик-министерката Пападопулу дека во Собранието на РСМ во секој нов мандат се формираат пратенички групи за соработка меѓу двете земји.

Можете да прочитате

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пример за корумпиран политичар

Муцунски: Обновата на Украина не значи само реконструкција на инфраструктурата, туку и обновување на животите, довербата и надежта