Утрински Весник
Македонија

Без струја денеска делови од повеќе скопски општини

Struja Bandera.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Без електрична енергија денеска ќе бидат корисници од општините Кисела Вода, Центар, Чаир, Карпош, Аеродром и Чучер Сандево.

Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мишевска“ и „Бранко Заревски“, како и дел од корисниците од улицата „Китка“ лоцирани до раскрсницата со улицата „Ратко Митровиќ“ во општина Кисела Вода, а од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улица „Македонија“, како и објектите на Вардар Технометал, хотел Турист, ЈПДП, ВМРО-ДПМНЕ и објектите во нивна околина, во општина Центар )

-Исто така, денеска прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 08.30 до 13.00 часот, ќе имаат корисниците од улицата „Јоаким Крчовски“ лоцирани кон Косовската Амбасада, како и корисниците од улицата „Самоилова“ лоцирани на потегот од Косовската до Турската Амбасада во општина Центар, во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од улицата „Никола Петров“ во општина Чаир, во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улица Девол во општина Карпош, информираат од РЦУК.

Без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат дел од корисниците од улиците „9008“ и „Илија Ристовски“ во општина Аеродром, а во периодот од 10.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Бродец во општина Чучер Сандево.

Можете да прочитате

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница