Утрински Весник
Македонија

Малолетничка тешко повредена, мотоциклист избегал од местото на несреќата

Lenta Policija 4.jpg

На 11.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од с.Октиси и малолетничка од с.Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Можете да прочитате

Хрватска запре нова пратка пиперки, означена со „сериозен ризик“

Платформата 12:05: Оставка на Филипче, вонреден Конгрес и внатрепартиски избори

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија