Утрински Весник
Спорт

Димитриевски на „Местаља“ ќе го официјализира трансферот во Валенсија

17129521909644.jpg

Македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски, претпладнево пристигна во Валенсија, каде треба да го официјализира трансферот во овој клуб.

Димитиревски по пет години, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ замина како голман со најмногу настапи за овој клуб.

Валенсија и Димитриевски, пред еден месец постигнаа конечен договор. Истиот ќе биде официјализиран кога голамнот ќе ги мине лекарските прегледи.

„Среќен сум што ќе го носам дресот на овој голем клуб. Импресиониран сум од стадионот и навивачите“, рече Димитриевски.

Трансферот на Димитриевски значи дека Вленсија ќе ја напушти Грузиецот Мамардашвили. Клубот се надева дека за грузискиот голман ќе добие оштета од околу 30 милиони евра.

Можете да прочитате

Лина Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Србија

Сејдини по нападот: Ме нападнаа тројца непознати лица

Јувентус ја обжали пресудата да му плати на Роналдо 9,8 милиони евра за доцнење на платите