Утрински Весник
Македонија

Лидл го купи објектот „Бриколаж“ од „Скопски пазар“ во „Гази Баба“

Lidl.jpg

Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје купи имот на Скопски пазар АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен Бриколаж за 9.564.485 евра.

За зделката информира Скопски пазар согласно Глава 6 од Правилата за котација на Берзата.

Како предмет на големата зделка е наведена продажба на недвижен имот евидентиран на КП 1306/1 и КП 1306/2 КО Гази Баба и соодветно запишани на имотен лист 8882 КО Гази Баба и имотен лист 1077 КО Гази Баба. Вредноста на зделката е во апсолутен износ од 9.564.485 евра без вклучен ДДВ (или 588.911.166 денари без вклучен ДДВ), а релативен износ од 19,30 проценти во однос на вредноста на имотот на друштвото, односно 25,04 проценти од вредноста на капиталот и резервите на друштвото определени врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото.

– Цената соодветствува со пазарната вредност на таков тип на зделки, наведува Скопски пазар во објавата.

Надзорниот одбор на Скопски пазар ја донел одлуката за големата зделка на 18 април годинава.

На локацијата што е продадена од неодамна се одвиваат подготвителни градежни активности.

Лидл стартуваше со инвестиција во државава на 24 јануари годинава со изградба на логистичко-дистрибутивен центар во индустриската зона Речица. Најавената инвестиција за логистичкиот центар е 80 милиони евра и треба да отвори повеќе од 150 работни места.

Можете да прочитате

Муслиу- Председателката попушти пред политичките притисоци. Заборави на Законот за кој постојано зборува

Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна

Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето