Утрински Весник
Свет

Путин и Ердоган ќе се сретнат во Астана на почетокот на јули

20240612080659 Big 730x400 89.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека на почетокот на јули на регионален состанок во Астана ќе се сретне со турскиот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган.

Тој на средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека очекува да биде во главниот град на Казахстан на 3 или 4 јули и дека се надева дека тогаш ќе разговара за актуелните прашања со Ердоган.

Путин побарал и од Фидан да му ги пренесе поздравите на турскиот лидер и предложил да ги продолжат разговорите во Астана за заедничката борба против тероризмот и нормализацијата на ситуацијата во Сирија.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција