Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Gerasimovski.webp.webp

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска” се во надлежност на општината. За тоа постојат законски акти и одлуки. Со одлука на Совет и Договорот, склучен  меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година,  градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар:  Белградска, Востаничка, Св. Кирил и Методиј, Димитрие Чуповски, Лазар Личеновски, Македонија, Митрополит Теодосиј Гологанов, кеј Димитар Влахов, Пролет, Васил Ѓоргов и Самоилова.   

Во договорот децидно стои:,,Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.

„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска” не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска”. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска” согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, дециден е градоначалникот Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска”, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен.

Во прилог ви го испраќаме Договорот склучен помеѓу Град Скопје и Општина Центар, Одлуката на Советот и другата документација на увид.

Можете да прочитате

Овие улици во Аеродром денес ќе бидат затворени за сообраќај

МВР откри дали се во функција новите камери на „Безбеден град“

Општина Центар распиша Конкурс за избор на идејно решение за нова општинската административна зграда