Утрински Весник
Македонија

ДОАЃААТ ДВАТА НАЈТОПЛИ ДЕНОВИ ДОСЕГА ОВАА ГОДИНА: Максимумот на овој топол бран од Африка утре и во среда ќе донесе температури до 40, 41 степен

Gfs 0 36 1.png
Dik 300x250 mk

Својот максимум овој многу топол бран во Македонија кој е со потекло од северните предели на Африка ќе го достигне утре, а особено во среда. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат дури до 40, 41 степен. Овие два дена воедно ќе бидат и најтоплите досега оваа година.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува топол ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе биде засилен на интензитет. Во Скопје максималната дневна температура за време на овој максимум на топлотниот бран ќе достигне до околу 35, 36 степени.

Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, па затоа на граѓаните ги советуваме доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и секако да пијат повеќе течности.

Поради југозападното струење на висина кое е доста изразено овие денови, во Македонија и во следниот период ќе биде присутно значително количество на Сахарска прашина и песок, па така и атмосферата ќе биде многу заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно, па така и температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Можете да прочитате

Две жени во Велес и велешко физички нападнати од своите мажи, едниот употребил и тврд предмет

Жителите од кулите Џевахир се гушат во ѓубре поради негрижа на управителот „Хауз Мајстор Плус“

Во Неготино откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци, притворено едно лице