Утрински Весник
Балкан

Исчезнатото 11-годишно девојче од Грција пронајдено мртво: Имало убодни рани на вратот

France Police 830x0 1.jpg

Девојчето Василики Николопулу (11) кое исчезне вчера вечерта во 21 часот и 10 минути, денес била пронајдена мртва прободена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал делото.

Девојчето исчезна вчера од областа Миртија во Пиргос, а денес е пронајдено во областа Катарача со убодни рани на вратот.

Исчезнувањето на 11-годишното девојче го пријавила нејзината мајка и издаден е килибарен аларм со предупредување дека се смета дека девојчето е во животна опасност.

За жал, безживотното тело на девојчето е пронајдено денес, а набрзо во полициска станица бил донесен и чичкото на детето, кој на сослушувањето признал дека го убил детето кое со својот автомобил го зел прексиноќа.

Инаку, чичкото и претходно бил обвинет за силување малолетничка, но грчките медиуми не знаат дали е осуден.

„Ми рекоа дека нашле мало девојче, одам да видам дали е мојата ќерка“, вели мајката во разговор за медиумите.

Можете да прочитате

Во гаража во Белград најдено поголемо количество оружје

Радев: Бугарија не треба да се спушта на нивото на коментарите од Македонија

Лајчак и Вучиќ детално разговарале за дијалогот и спроведувањето на Охридскиот договор