Утрински Весник
Македонија

Скопјанец бил натепан на Бит Пазар, го нападнале петмина турски државјани

Zm Policija.jpg

Денеска (07.06.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје.

Тие биле задржани во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации

Владата го усвои Предлог законот за заштита од пушење

Миноски: Системската неправда ја руши довербата во државата и ги брка младите