Утрински Весник
Свет

Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025 – 2026 година

Grcija.jpg

 Со поддршка од 182 држави, од вкупно 188 земји кои гласаа, Грција попладнево беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2025 – 2026 година, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис коментираше дека „Денеска е историски ден за Грција“, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако беше изгласана грчката кандидатура, Герапетритис истакна дека сега почнува периодот на одговорност, а Грција, по денешниот успех, во суштина помага во создавањето меѓународната политика во моменти кога постојат огромни предизвици.

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу рече дека иборот на Грција е „меѓународно признание за нејзината стабилизирачка улога, како и нејзината посветеност на мирното решавање на споровите и целосно почитување на човековите права“. 

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30