Утрински Весник
Македонија

Трајановски: Со надворешни компресори досега изведени 70 операции, работите полека ќе се враќаат во нормала

20240606142748 Big 730x400 8.webp.webp

Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски денеска изјави дека со обезбедените надворешни компресори на хируршките клиники досега изведени се околу 70 оперативни зафати и изрази уверување дека работите полека ќе се враќаат во нормала по проблемот со снабдување со компримиран гас од централната компресорска станица на Клиниката и затворањето на хируршките сали.

Трајановски кажа дека ТОАРИЛУЦ располага со шест операциони сали, две на Трауматологија, а четири на Клиниката за ортопедски болести, посочувајќи дека се работи со намален интензитет.

– Со обезбедувањето на надворешните компресори, досега изведени се некаде околу 70 оперативни зафати. Половина на Клиниката за траумоатологија, половина на Клиниката за ортопедија. Работиме со намален интензитет. Ако претходно сме оперирале дневно да речеме на Клиниката за ортопедија по околу 15 случаи, сега во една сала во две смени може да поставиме максимум седум до осум случаи и предност имаат пациенти со малигни заболувања, како и фрактури, но, секако, се оперираат и пациентите кои се на елективната листа на чекање, појасни Трајановски.

Тој посочи дека листи на чекање имало и претходно, пред да се појави проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје. Смета дека, како што рече, полека работите ќе се враќаат во нормала.

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева завчера изјави дека бил постигнат договор, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали.

– Со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, беа задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаме ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали, појасни Манолева во вторникот.

Манолева побарала од директорите да доставуваат извештаи за сработени итни, елективни интервенции, направени на секоја од клиниките посебно.

Таа кажа дека предметот е во Јавното обвинителство и би оставила на надлежните институции да проверат и да кажат каде е одговорноста.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор