Утрински Весник
Магазин

Мадона работи на филм за својот живот

D0bcd0b0d0b4d0bed0bdd0b0 D0bed0b1d0b2d0b8d0bdd0b5d182d0b0 D0b7d0b0 D0bad0bed0bfd0b8d180d0b0d19ad0b5 D0bdd0b0 D0bad0b8d0bc D0bad0b0d180 63d6e4a76ec56.jpeg

Следнава година треба да почне одложеното снимање на автобиографскиот филм за поп-ѕвездата Мадона. Како режисер и косценарист, пејачката со години работи на филмот за којшто се говори уште од 2020 година, но снимањето беше одложено поради турнејата, како и поради корона-пандемијата.

Сега британските медиуми пишуваат дека Мадона ја избрала и глумицата која ќе ја портретира. Се работи за Џулија Гарнер, позната по улогата во криминалистичко-драмската серија на Нетфликс – „Озарк“. Меѓу актерките-кандидатки за улогата беа и Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд. Според Мадона, филмот ќе се сосредоточи на музиката, каде што има „многу нераскажани и инспиративни“ приказни што таа најдобро би ги раскажала, додаде таа. Авторката, инаку, работи со студиото „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures).

Турнејата Мадона ја заврши со настапот во Бразил минатиот месец и сега целосно се посвети на својот биографски филм.

„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе почнеме со снимање во следните 12 месеци“, изјави неименуван извор за „Сан“ (The Sun).

Пред неколку години, кога првпат беше објавена веста за филмот, пејачката изјави: – Сакам да им го пренесам на луѓето неверојатното патување на коешто ме однесе животот како уметница, музичарка, танчерка и човечко суштество кое само се обидува да го пронајде својот пат во овој свет.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува