Утрински Весник
Македонија

И Александар Бајдевски се вклучи во трката за лидер на СДСМ

Bajdevski.jpg

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за претседател на партијата на внатрепартиските непосредни избори поднесе и Александар Бајдевски. Тој е моментален заменик-министер за информатичко општество и администрација. Во минатото има извршувано повеќе јавни функции кои биле под ингеренции на Владата.

Вчера покрај него, кандидатури поднесоа уште тројца партиски функционери. Екс-министерот за здравство, Венко Филипче порача дека влегува сам во трката, без тим кој ќе го формира доколку стане претседател на партијата.

Пратеничката Славјанка Петровска вели дека не сака кавги, но мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата.

Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски со програма „Нов почеток, нов СДСМ“. Тврди дека неговата програма обединува, а не фаворизира. Најавува формирање влада во сенка.

Кандидатура поднел и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.

Изборниот конгрес е закажан за 30-ти јуни, а на 9-ти социјалдемократите на Конгрес ќе ги анализираат сопсвените грешки за катастрофалниот изборен пораз. Рокот за поднесување кандидатури истекува на 6-ти јуни.

Можете да прочитате

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија

Мицкоски: Во мај или јуни реконструкција на Владата