Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Партизан го прекинаа финалето, Црвена ѕвезда пред одбрана на титулата

20240606083316 Big 730x400 20.webp.webp

Директорот на кошаркарската лига на Србија, Александар Грујин изјави дека вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кој синоќа беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите, што ќе значи нивна одбрана на титулата.

„Натпреварот ќе биде регистриран врз основа на делегатскиот извештај со службен резултат 20:0 за Црвена ѕвезда“, изјави Грујин за белградските медиуми.

Натпреварот во белградската Арена беше прекинат при водство на Партизан од 57:45, на 7:55 минути пред крајот на третата четвртина, откако навивачите на Партизан почнаа да ги навредуваат семејството на претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и фрлаа разни предмети на теренот.

Црвено-белите го напуштија теренот, а по нив и судиите, додека играчите на Партизан останаа на теренот.

Судијата Урош Николиќ побара да се испразни салата за да може натпреварот да продолжи, а по речиси еден час играчите и стручниот штаб на Партизан го напуштија теренот и натпреварот беше прекинат.

Официјалниот спикер, без консултации со официјалните лица, објави дека натпреварот ќе биде доигран во рок од 24 часа, по што повеќето кошаркари на Партизан си заминаа дома, а играчите на Црвена ѕвезда и судиите излегоа на теренот.

Во 22 часот и 50 минути започна 15-минутното одбројување за играчите на Партизан да се вратат на теренот, а откако тие не се појавија, делегатот на натпреварот состави официјален записник според кој натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 20-0 во корист на Црвена ѕвезда.

Актуелниот шампион Црвена ѕвезда води во финалната серија до две победи со 1:0. 

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024