Утрински Весник
Македонија

Со положување на свежо цвеќе оддадена почит на загинатите бранители кај Гајре

Screenshot 15 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешен ден пред 23 години во близина на селото Гајре, загинаа Благојче Сиљанов, Влатко Миленковски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воена полиција од Битолскиот корпус во конфликтот во 2001 година.

Во име на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски заедно со претставници на Советот на општина Битола, како и семејствата на прерано загинатите бранители, Сојуз на борци ,СВР Битола, колеги, воени старешини, здруженија и поединци, оддадоа почит со положување на свежо цвеќе на споменикот „Ангел” кај Саат кулата и споменикот „Стив Наумов” во поранешната касарна.

Комеморативните настани во чест на тројцата бранители се организирани од Министерството за одбрана- Регионално одделение за одбрана во Битола, покрај полагање на цвеќе на гробовите на загинатите бранители во Битола и Новаци и на двата претходно споменати споменици, вклучуваат и организација на меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала „Павел Шатев”, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници на учесниците.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче