Утрински Весник
Македонија

Како на филм: Скопјанец се обиде да избега од полицијата и удри во капијата на станицата

Policzija.jpg

Полицијата доцна синоќа го приведе Д.Р. (29) од с. Марино, општина Илинден. Тој бил спроведен во Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со скопски регистарски таблици.

Му било наредено да го препаркира возилото, но тој се обидел да избега и удрил во друго возило, а и во капијата на станицата. Потоа бил фатен и задржан.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија