Утрински Весник
Свет

Требаше да го прослави својот роденден, но ја уби синот – тројно убиство во Германија

Ubistvo Germanija.png
Dik 300x250 mk

Физиотерапевтката Грит Х. за неколку недели требaшe да го прослави својот 60-ти роденден. Но, тoa нема да го доживее, бидејќи ја убил нејзиниот син, чиј татко е по потекло од поранешна Југославија. И не само таа, туку и нејзиниот дедо и баба, пренесува Билд.

Недолго по злосторството во Плауен синот и се предал на полицијата. Додека разговарал со полицијата плачел и раскажал како го убил семејството и три тела беа откриени во уредна аголна куќа во Тирперсдорф.

Веднаш е приведен осомничениот сторител Бенџамин Х.(28). Тој без отпор им се предал на полициските службеници.

Според информациите на Билд, оружјето пронајдено во куќата било секира, со која убивал членови на неговото семејство.

Локалните жители го опишуваат Бенџамин како млад човек кој живеел затскриен живот и имал мал контакт со своите соседи.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега