Утрински Весник
Магазин

Сите лажеме понекогаш, без разлика дали сакаме да се заштитиме себеси или другите

Pexels Nexionly 1601458 1024x683 1.jpg

Сите лажеме понекогаш, без разлика дали сакаме да се заштитиме себеси или другите. Сепак, некои лаги можеме веднаш да ги препознаеме, а други не. Се зависи од личноста, а можеби и астрологијата е виновна. Луѓето родени под овие хороскопски знаци се најдобри лажговци.

Близнаци
Близнаците, познати по својата двојна природа, се вистински мајстори за измама. Никогаш не знаете за што сте со нив бидејќи тие се способни да водат два паралелни разговори во исто време и да ве убедат во две сосема различни вистини. Нивните извонредни комуникациски вештини ги прават убедливи лажговци.

Вага
Вагите се вистински дипломати на зодијакот. Нивната природна желба за хармонија и избегнување конфликт често ги наведува да кажуваат мали или големи лаги за да го задржат мирот. Ќе ви кажат дека изгледате фантастично во тој фустан, дури и ако тоа не го мислат. Но, кој би можел да ги обвини? Нивната симпатичност и шарм ги освојуваат срцата, па често им простуваме за тие мали лаги.

Риби
Рибите, сонувачите на зодијакот, имаат тенденција да ја разубавуваат вистината за да ја избегнат суровата реалност. Нивните лаги често се невини, речиси благородни. Ако една Риба ви каже дека останала на работа поради премногу работа, а всушност плачеле на тажен филм, тоа е само нивен начин да избегаат од реалноста. Нивната имагинација е толку богата што понекогаш дури и не знаат каде завршува вистината, а каде започнува фикцијата.

Фото: pexels.com

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби