Утрински Весник
Македонија

Милошоски нема да биде министер, ќе остане пратеник

Antonijo Milososki By Vmro Dpmne 1280x720 1.jpg

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното издание на „Дејли Клик“ на ТВ21, кажа дека нема да биде дел од извршната власт, туку ќе остане во законодовната власт, односно ќе остане да биде пратеник, а нема намера да биде министер.

„Јас како политичар, но и како родител, има доволни обврски во Собранието и во семејството, и да можам да одговорам, и на политички и на родителските, најдобро е за мене да продолжам да бидам пратеник, а на сите кои ќе бидат во извршната власт, и да ги охрабрам да работат во интерес на граѓаните“, рече Милошоски.

Можете да прочитате

Се отстранува авионот кој вчера се урна во Мавровското езеро (ФОТО)

Два случаи на семејно насилство за два дена: сопруги нападнати во Скопје и Штип

Го фатила машина и починал веднаш – Страшна трагедија во фирма кај Новоселски пат