Утрински Весник
Магазин

Влатко Стефановски 50-годишниот јубилеј го одбележува во Сава центар во Белград

Vlatko 1536x1024 1.jpg

Пресек на долгата и успешна музичка кариера почнувајќи од „Леб и сол“ и соло кариерата, феноменалните изведби на Влатко ќе ги заокружат гостите, познатите музичари: Џибони, Мирослав Тадиќ, Дамир Имери и V3 Trio составено од басистот Иван Кукиќ и тапанарот Јан Стефановски. Публиката ќе ужива во спојот на инструменталниот рок, етно џезот, блузот и македонската традиционална музика, пишуваат белградските медиуми „Данас“ и „Блиц“.

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Македонија, каде што ја започна својата музичка кариера како млад гитарист. Првиот значаен успех го постигна како член на култната група „Леб и сол“, која беше пионер во комбинирањето на традиционалната македонска музика со модерен рок звук. Преку работата со „Леб и сол“, Стефановски стана препознатлив по својата исклучителна гитарска техника и креативниот пристап кон музиката.

По распадот на групата „Леб и сол“, Влатко се посвети на самостојна кариера и издаде бројни албуми кои го отсликуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, истражувајќи области како џез, блуз, етно-музика и акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз.

Награден и признат Стефановски е добитник на Орден за заслуги и на македонската државна награда за животно дело во културата и уметноста „11 Октомври“. Покрај тоа, тој доби и титула – почесен доктор на уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, потврдувајќи го неговиот значаен придонес на светската музичка сцена. Неговата страст за музиката не само што ја обликуваше неговата кариера, туку остави и траен белег на музичкото наследство на регионот, пишуваат белградските медиуми.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби