Утрински Весник
Магазин

Што правеа јавните личности викендов: Тодевска славеше роденден, Миа се качи во хеликоптер, Лила се журкаше со Северина…

Gridart 20240603 200920133 Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

Зад нас е уште еден викенд, но викендот не е време за одмор за сите, особено не за нашите македонски јавни личности. Дел од нив уживаа и се забавуваа, но дел беа и “заглавени” со професионални ангажмани, настапи и концерти.

Пејачката Тамара Тодевска викендов на посебен начин со забава го прослави својот 39-ти роденден, но не сподели повеќе детали, освен неколку фотографии на кои се гледаат хеликоптери, а веројатно се направени на спортскиот аеродром Стенковец.

Нејзината пријателка Миа Костова пак беше во Унгарија и за таа прилика се качи и се возеше на хеликоптер.

Легендата на гитара, Влатко Стефановски во Филхармонија одржа два концерти заедно со Мирослав Тадиќ со кого заедно го реиздадоа својот албум “Трета мајка”.

Поп дивата Калиопи покрај новиот албум, викендов го промовираше и новиот спот и сингл заедно со Слаткаристика, песна која претставува уникатка спојка на две тотално различни музички стилови, а сепак звучи одлично.

Младата пејачка Антониа Гиговска пак викендов имаше свој настап во Штип каде повторно ја воодушеви публиката со својот глас и стас. Додека пак водителката Лила Филиповска уживаше во настапот на Северина од првите редови.

(Н.Ј.)

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе