Утрински Весник
Свет

Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Pripadnici Na Voenoto Krilo Na Hamas Vo Beit Hanun Vo 2014 Godina Fotografi A Epa Mohamed Saber 1536x1024 1.jpg

Палестинската милитантна група Хамас синоќа соопшти дека позитивно гледа на содржината на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за траен мир во Газа.

Бајден претходно претстави план од три фази – шестнеделен прекин на огнот, потоа преговори за условите за траен прекин на непријателствата и голем план за обнова на Газа.

– Хамас ја потврдува својата подготвеност позитивно и конструктивно да работи со секој предлог заснован на трајно примирје и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, обнова на таа територија и враќање на бегалците во нивните домови, со исполнување на вистинска размена на затвореници, доколку окупацијата јасно објави посветеност на таков договор, соопшти Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по објавувањето на планот на Бајден соопшти дека тој им наложил на преговарачите да презентираат предлог за прекин на огнот.

Палестинските здравствени власти проценуваат дека повеќе од 36.000 луѓе досега загинале во конфликтот во Газа.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години