Утрински Весник
Свет

Фидан: Турција не прифаќа НАТО да „учествува“ во војната во Украина

Picture 989 660x410 1.jpg

 Турција го отфрла „учеството“ на НАТО во војната во Украина, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Прага. – Поддржуваме да продолжи испраќањето помош за Украина и капацитетот на Украина да обезбеди одвраќање, но не сакаме НАТО да учествува во таа војна, рече турскиот министер за надворешни работи. За Турција едно е да се поддржи Украина да го гарантира нејзиниот територијален интегритет и да ги ослободи нејзините територии, но друго е вмешување на НАТО во војната. Според Фидан, тоа ризикува да доведе до регионално проширување на конфликтот и поголеми кризи. Како што пренесува Бета, Турција успеа да ги одржи врските и со Русија и со Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година. Турција го изрази овој став во време кога неколку земји од НАТО, вклучително и САД, ја овластија Украина да го користи оружјето што и го дадоа за да ја нападне Русија доколку се брани од напади. Американскиот претседател Џозеф Бајден и даде зелено светло на Украина под одредени услови да гаѓа цели на руска територија во регионот Харков.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно