Португалскиот стратег, Жозе Мурињо седнува на клупата кај турскиот фудбалски гигант Фенербахче со кого попладнево потпиша двегодишен догвор. „Специјалниот“ преистигнува во истанбул да ја врати шампионската титула во клупските простории на Фенербахче, откако изминатава сезона таа заврши во витрините кај лутиот ривал Галатасарај. Португалецот имаше неколку понуди на маса, но ја избра таа каде што неговата харизма и менталитет најмногу ќе дојдат до израз, со оглед на фанатизмот за фудбалот во Турција. Негов последен тим беше Рома. Мурињо се обврза на соработка до крајот на јуни 2026 година, со можност да остане уште една сезона во Истанбул. Тој за време на преговорите инсистирал само на една специјална клаузула – да добие раскин на договорот во случај ако на негова адреса стигне понуда да стане селектор на Португалија. „Специјалниот“ неодамна обелодени дека двапати ја одбил оваа селекторска функција, но дека без размислување би прифатил ако му се укаже и трета шанса.