Утрински Весник
Македонија

Следната недела ќе биде доделен мандатот за формирање на новата влада

Vlada 183439.jpg

Лидерот на партијата која има мнозинство од 61 пратеник во парламентот ќе го добие мандатот. На изборите како што вели претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова  има еден победник кој ги избира коалиционите партнери. По однос на незадоволството кај ДУИ што не се повикани да бидат дел од новата влада, таа рече: -Многу ми е жал што морам да ги разочарам, но како конституционалистка го читам она што го пишува во Уставот. Нема двајца победници на изборите, еден победник има, тој ги избира коалиционите партнери. Според неа, мнозинството е веќе видливо и до7 јуни, шефицата на државата ќе му го додели мандатот на Христијан Мицкоски за состав на идната влада. -Се разбира дека  е политички, етнички, демокртски здраво да вкучите во владата албански партии и тоа мадатаратот ќе ги направи . Мнозинство има оној што има зад себе 61 пратеник и се разбира јас посакувам во иднина при креирањето на владите одлучувачки да бидат програмите односн идеологијата, оти тешко можете да мешате вода и масло треба да се програмите компатибилни за да може да се направи заедничка програма и тогаш навистина да имаме реформи – вели Сиљановска Давкова

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија