Утрински Весник
Свет

Бајден на средба со Макрон во Париз на 8 јуни

Bajden I Makron.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден на 8 јуни ќе го посети Париз, каде ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопштија денеска од Елисејската палата.

Тоа ќе биде прва државна посета на Бајден на Франција, а во Париз ќе пристигне со неговата сопруга Џил. Средбата ќе следи по присуството на Бајден на 80-годишнината од слетувањето на Денот Д во Нормандија на 6 јуни.

Двајцата претседатели ќе разговараат за континуираната поддршка за Украина, како и за начините за зајакнување на билатералната соработка во економските, вселенските и нуклеарните прашања, се додава во соопштението на француското претседателство.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички