Утрински Весник
Магазин

Гитара на Џон Ленон продадена на аукција за рекордни 2,67 милиони евра

677z381 Capture 56.jpg

Гитарата на членот на „Битлси“ Џон Ленон е продадена на телефонска аукција во Њујорк за рекордни 2,67 милиони евра, што ја прави најскапиот инструмент на групата што некогаш бил продаден на аукција.

Претходната рекордна продажба беше поставена од акустичната гитара на Ленон, која беше продадена за 2,21 милиони евра на аукција во Калифорнија во 2015 година, објави Би-Би-Си.

Гитарата на Ленон, која беше изгубена повеќе од 50 години, беше продадена на телефонска аукција во кафулето Хард Рок во Њујорк во средата.

Ленон свиреше на таа гитара со 12 жици за време на снимањето на албумот “Help!” од 1965 година, а пронајдена е на поткровје на куќа во Велика Британија кога сопствениците се подготвувале да се преселат.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста