Утрински Весник
Македонија

Костадиновска – Стојчевска: Гаши уште во првите пет минути ги прекрши законите и покажа дека не е подготвен да го води Собранието

Image 13.png

Во интервју за Слободен печат, пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска детално образложи зошто прво јавно реагирала а потоа и поднесе претставка за свечената изјава при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Деловникот на Собранието не ја регулира свечената изјава и тоа значи свечената изјава што се дава се дава на службениот јазик на Република Северна Македонија којшто е утврден со Устав и со Законот за употреба на македонскиот јазик и таа претставка е поднесена до службите во Министерството за култура, односно до службата за инспекциски надзор. Претставката е против претседавачот со конститутивната седница и против сега веќе претседателот на Собранието, затоа што свечената изјава прво ја прочита на албански јазик. Претставката не значи удар врз Албанците или албанскиот јазик, тоа е поради непочитување на законите и Гаши како претседател не може да биде спремен да го води Собранието, ако уште во првите пет минути не ги почитува законите“ рече таа.

Костадиновска – Стојчевска истакна дека и претходно етнички Албанец бил спикер на Собранието и потсети дека претходниот собраниски претседател Талат Џафери својата свечена изјава ја има дадено на македонски јазик согласно Уставот и законите

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор