Утрински Весник
Свет

Словенија ќе ја признае палестинската држава

Palestina.jpg

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.

Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.

Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.

-Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

Можете да прочитате

Иран нападна американска база, неколку американски авиони се оштетени

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари