Утрински Весник
Балкан

За Србија замина уште еден контингент од 28 унгарски полицајци

20240530071448 Big 730x400 76.webp.webp

Шефот на одделот за гранична полиција на Унгарија, Балаш Ласло, изјави дека 18-от унгарски полициски контингент од 28 полицајци заминал за Србија за да може таа земја да продолжи со работата за спречување на илегалната миграција.

-Ние сме должни да спречиме илегални мигранти да влезат на територијата на нашата земја, како и на територијата на Европската унија, и затоа тесно соработуваме со надлежните органи на соседните земји, рече Ласло.

Тој посочи дека поради постојаната соработка меѓу унгарската и српската полиција, намален е бројот на нелегални обиди за преминување на границата во јужниот дел.

Унгарските полицајци се задолжени за спречување и откривање илегални гранични премини, како и учество во апсење на шверцери на луѓе и илегални мигранти. 

Можете да прочитате

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало

Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот