Утрински Весник
Свет

САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба

20240529174520 Big 730x400 46.webp.webp

САД објавија регулаторни измени со цел засилување на подршката за народот на Куба и независните приватни претприемачи во таа земја, изјави синоќа службено лице од Министерството за финансии на САД.

Измените ќе дозволат зголемување на американската финансиска подршка за малиот приватен бизнис на Куба, ќе се подобри квалитетот на интернет-услугите на островот и ќе се рашири достапот до финансиски услуги.

САД ги најавуваат овие мерки кога комунистичката земја се соочува со социјално-економска криза и со кусок од прехранбени производи, горива, електрична енергија и лекови.

Службеникот изјави дека со новите правила назависните претприемачи од приватниот сектор на Куба ќе можат да отвараат банкарски сметки во САД и да добиваат достап до тие сметки од далечина, преку американските платформи за плаќање онлајн.

Кубанските претприемачи добија можност да регистрираат мали и средни претпријатија во 2021 година. Според последните податоци во земјата се регистрирани повеќе од 11.000 приватни компании.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа