Утрински Весник
Скопје

Општина Карпош води постапка против диво поставениот луна парк кај базенот ,,Борис Трајковски”

Div Luna Park.png

-Општина Карпош за разлика од другите надлежни институции иако има минимални надлежности, води постапка против диво поставениот луна парк кај базенот ,,Борис Трајковски”. За жал, ова дивеење и беззаконие на сопственикот на луна паркот му го овозможуваат претставниците на надлежните владини институции. Истиот, не поседува одобрение за работа ниту пак ги има потребните безбедносни сертификати со што не ги исполнува законските услови за да ја врши оваа дејност. Тоа значи дека безбедноста на граѓаните, а особено на младите лица е загрозена и можни се животозагрозувачки последици, соопштија од Општина Карпош.

Оттаму апелираат до сите граѓани, а особено до младите, да не ги користат услугите на овој луна парк затоа што го доведуваат во опасност својот живот.

-Евентуалните последици заради непочитување на законските прописи и овој наш апел ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите.

Можете да прочитате

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години

Ќе има привремен прекин на работата на жичарницата на Водно, еве кога ќе продолжи со работа

Д-р Чибишев: Воздухот во Скопје е три позагаден од дозволеното, на отворено носете маски, дома – прочистувач