За Европскиот фронт неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата, порача лидерот на партијата ДУИ Али Ахмети на денешната прес-конференција.
„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен. Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби…граѓаните нѐ прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката за почитување на Охридскиот договор. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“ рече Ахмети.
Иако претходно најави, Ахмети сепак не ги откри следните чекори на Европскиот фронт и кусо кажа дека јавноста ќе биде навремено информирана.